На внукот на Али Ахмети му се закануваат од 5 до 10 години затвор

На Дрин, внукот на Али Ахмети, му се закануваат од 5 до 10 години затвор.



Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот Законик на Република Македонија Дрин Ахмети треба да добие соодветна кривична пријава.

Според членот 396 од Кривичниот законик со оглед на тоа што во гепекот на неговиот Лендровер со албански регистарски таблички била најдена поголема количина на распрскувачки материјали Дрин Ахмети може да заглави во затвор долг период.

Најмалата казна затвор за ова дело е 5 а најголемата е до десет години затвор.

Со оглед на тоа што Дрим бил фатен сам тој ќе биде гонет од скопското јавно обвинителство а не од обвинителството за организиран криминал кое што го води човекот на Али Ахмети, Ислам Абази.

Повеќе детали

Внукот на Ахмети, Дрин, не може да се спаси, професионалците во МВР одбиваат политички притисок