Српскиот претседател Александар Вучиќ го оцени како „логично“ тоа што неговиот руски колега Владимир Путин му испрати честитка за Божик и за Нова година.
„Што очекувате? Да им упати честитка на оние што водат војна против Русија? Постапи логично. Мислам дека и лани добив празнична честитка. Вообичаено и сосема логично. Русија е голема земја која не мора да му се оправдува никому за ништо. Тие не криеја, туку тој податок го изнесоа во јавноста. Тие не се чувствуваат загрозено кога голем број земји не само што не соработуваат со нив, туку се во непријателски односи со нив. Така што, тие имаат своја цел. Тие ја туркаат својата цел. Како што и ние ги знаеме своите. Остануваме на европскиот пат, но ги чуваме своите традиционални пријателства и тоа е тоа“, објасни Вучиќ.
Од сите лидери во Европа, покрај на претседателот на Србија, Путин му честиташе Божик и Нова година само уште на унгарскиот премиер Виктор Орбан.






