Пет кадри на Оливер Спасовски дел од огромен меѓународен криминал легализиран во Македонија

Најнова вест



На внукот на Али Ахмети му се закануваат од 5 до 10 години затвор

Чудна наредба на врвот на МВР за роднината на моќниот политички актер

Полициските ,,Тигри” вечерва привеле внук на моќен политичар, од МВР им наредиле да се повлечат

Поврзана вест

Внукот на Ахмети, Дрин, не може да се спаси, професионалците во МВР одбиваат политички притисок

Пет кадри на министерот за полиција Оливер Спасовски се дел од огромен меѓународен криминал легализиран во Македонија, открива портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

,,Каков блескав крај на годината за Оливер Спасовски!

👉Петмина кадри на Оливер Спасовски биле дел од крадење и шверц на луксузни коли од Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија… Од Србија, Босна и Бугарија секако.

👉Кадарот на Оливер Спасовски внесувал крадени луксузни коли, ја избегнувале царинската контрола, се менувале броевите на шасија, ги регистрирале со македонски таблички”, пишува Стоилковски кој додава дека криминалците за кратко време по неколкупати ги препродавале еден на друг, а кадарот на Оливер Спасовски од МВР издавале регистарски таблици и сообраќајни дозволи со употреба на фалсификувани документи.

,,Но, не знам зошто веста се “продава” со наслов дека сопруга на некој од подземјето што на два пати избегнува куршуми низ Скопје била дел од екипата, како да е тоа изненадување.

Пет од 18 членови на групата се полицајци!

Срамота е што кадарот на Оливер Спасовски е на крај на веста, како небитен факт дека пет од 18 се дел од МВР!

Дали стана нормално и навика МВР да е дел од криминалот?”, пишува Стоилковски кој заклучува дека во Македонија навистина, никогаш не било полошо!