Изминатиот Викенд во Скопје се одржа Дедо Мраз – Талент КУП во организацијса на Аква Про, еден од традиционалните новогодишни меѓународни пливачки натпревари во регионот.


На натпреварот учествуаа повеќе од 30 клубови, и 400 пливачи во јуниорска и апсолутна конкуренција, од Србија, Албанија, Косово и Македонија.


На натпреварот се оборија национални рекорди во повеќе дисциплини, а највредни резултати постигнаа репрезентативците на Србија.

За најуспешни пливачи беа прогласени: Апсолутна конкуренција 1. Павле Стојчевски – Аква Про 2. Хана Беики – Приштина 15-16 год 1. Огнен Славковски – Орион 2. Хана Беики – Приштина 13-14 год 1. Андреј Калкус – Вардар 2018 2. Калина Трпчевска – Делфин 11-12 год. 1. Арбер Хусај – Тирана 2. Миа Милевска – Скопје 9-10 год 1. Теодор Славковски – Орион 2. Лена Блажева – Орион 8 и помлади 1. Дамјан Иванов – Скопје 2. Меланија Ќулаковска – Вардар 2018.






