Лос Анџелес галакси или Челзи прашање е сега за Златан Ибрахимовиќ, кој скокна на неколку дена во Македонија, каде што завчера со своите пријатели бил на лов на диви свињи во околината на Штип, а вчера беше виден во Скопје.
На локалните жители со кои се фотографираше и се дружеше напаѓачот на Манчестер јунајтед им рече дека доаѓањето во Македонија требало да биде тајна и оти планирал да помине неколку дена.
Американските медиуми, во прв ред телевизијата ЕСПН, го гледаат шведскиот репрезентативец како иден нов играч на клубот од Лос Анџелес, кој може да си ги дозволи фудбалските вештини на популарниот Ибра. Тој го повреди коленото во април минатата година и се врати на теренот во ноември, но по седум одиграни средби ја обнови повредата и оттогаш е надвор од стројот на Жозе Мурињо.
Британските медиуми, пак, ја поврзуваат 36-годишната ѕвезда со трансфер во Челзи, кој е во потрага по напаѓач.





