Охриѓанецот Бојан Петрески, кој во 2015 година е осуден на доживотна казна затвор поради двојното убиство пред хотелот„Император “ во Охрид, врз основа на двојното државјанство што го поседува (македонско и бугарско) бара трансфер во соодветна казнено-поправна установа во Бугарија, за доиздржување на казната затвор.
Неговото барање за трансфер предизвика судир на надлежности меѓу Основниот суд – Охрид и Министерството за правда, поради што побарале „дилемата“ да им ја реши Уставниот суд, објави МИА.
Судот во Охрид согласно Законот за меѓународна соработка во кривичната материја прибавил изјава од осудениот Бојан Петрески со која тој дава согласност за трансфер, а исто така е обезбеден примерок од правосилната пресуда и сите списи се доставени до Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда.
Судијата од Основниот суд Охрид , Бојан Мартиноски во изјава за МИА вели дека Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда наместо да ја продолжи постапката по барањето за трансфер од осудениот ги вратил списите …
Воедно, од Министерството за правда го известиле Судот во Охрид дека тој е надлежен да цени со Решение за тоа дали осудениот Бојан Петрески има или нема право да поднесе барање за трансфер во Бугарија, како и дека Судот бил надлежен со Решение да одлучи дали осудениот можел или неможел да се трансферира во Бугарија.
Бојан Петрески е осуден на казна доживотен затвор за убиство со умисла на 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески во август 2014-та гоидина.






