Основач на веледрогеријата и синџирот аптеки „Зегин“, Благој Механџиски, изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев.



Во емисијата „Во Центар“, Механџиски рече дека Дончев од „Зегин“ барал да му бидат исплаќани 25.000 евра секој месец, пренесува „Фокус“.

„Ние одиме на печалба во Австралија, а тој доаѓа да печали тука од кадешто отиде на печалба. Тој дојде да краде овде. И тој уште кога дојде, на мојата директорка, кога отиде да договораат таму за лековите, и побара 25 илјади евра секој месец да му се носат“,  рече Механџиски.

Ден Дончев во јануари 2021 година заминал за Австралија

Тој го прозва Дончев и во врска со набавките на маски за време на ковид-пандемијата, кога, според него, се давале пари за набавка на маски на фирми кои работеле во сосема други дејности…