Вкупниот капитал на 500-те најбогати во светот во 2023 година се зголемил за 1,5 билиони долари, објави Блумберг.



Американскиот претприемач Илон Маск заработил 95,4 милијарди долари во 2023 година.

Според агенцијата, Маск продолжува да ја предводи листата на 500 најбогати луѓе во светот, на што помогна и успехот на неговите компании „SpaceX“ и „Tesla“.

Основачот на американската компанија „Амазон“ Џеф Безос годинава го зголеми своето богатство за повеќе од 70 милијарди долари, а шефот на корпорацијата „Мета“ Марк Цукерберг за 80 милијарди долари.