Истече законскиот рок од 48 часа во кој премиерот можеше да се извини и да ја повлече изјавата во која наклевети две реномирани македонски компании по што Ковачевски ќе мора на суд да одговара за непромислениот потег кој им донесе штета на фирмите.
Откако премиерот Ковачевски ја пропушти шансата да се извини сега ќе се соочи со крајно незгоден судски процес во кој ќе мора да докаже дека анкета според која тој е веќе политичко минато била правена во партиски штаб.
Денеска истече законскиот рок од 48 часа во кој премиерот требаше да се извини и да повлече изјава во која направил клевета кон две реномирани компании за кои обвини дека професионалните одлуки им се носеле во партиски штаб.
Завчера во архивата на владата стигнало официјалното барање од компанијата за истражување на пазарот Маркет Вижн и порталот МКД.мк кои беа предмет на брутален јавен напад од премиерот кој со оглед на неговата позиција може да има сериозни последици по работата на фирмите.
Во барањето согласно Законот за граѓанска одговорност од Ковачевски се очекуваше да се извини за клевета и навреда ако не сака да се соочи со судски процес.
Затоа што Ковачевски не се извини на ист начин како што направил клевета и навреда и не ја повлече снимката од владиниот Јутјуб канал тој ќе се соочи со судски процес кој е извесно дека ќе го загуби затоа што цела јавност виде како тој за двете фирми зборува дека носеле одлуки во партиски штаб.
По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека анкетата на МКД.мк и на Маркет вижн била пишувана во партиски штаб, двете компании соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини.
„Во врска со изјавата на премиерот, би сакале да укажеме дека со таквата неоснована изјава премиерот ни нанесува голема деловна штета, рушејќи го нашиот кредибилитет.
Веруваме дека премиерот, со кого лично се познаваме и меѓусебно се почитуваме, оваа изјава ја дал без размислување и заради политичкиот контекст, оттука бараме од него истата изјава да ја повлече или да се извини. Не би сакале да бидеме во ситуација да мораме да бараме надомест на штета“, се вели во реакцијата на агенцијата Маркет вижн која ја спроведе анкетата што беше објавена на 23 декември на МКД.мк.
„Најдобар демант за оваа несмасна изјава на Ковачевски се анкетите кои МКД.мк и Маркет вижн ги спроведе изминативе години и резултатите од неколкутте изборни циклуси. Резултатите на сите овие истражувања на јавното мислење и конечните резултати на парламентарните, претседателските или локалните избори во последната деценија се разликуваа во милиметри. Од ПР аспект јасна ни е потребата на претседателот на СДСМ во една таква ситуација да се обидува да глуми самоувереност и да шири оптимизам за потребите на неговото членство, само го замолуваме тоа да не го прави на штета на угледот и добрата деловна практика на компаниите. Но, на сето ова ќе го потсетиме Ковачевски веднаш штом се објават официјалните резултати на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај“, се вели во реакцијата на редакцијата МКД.мк.
Димитар Ковачевски прашан да ги коментира резултатите на анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во однос на растот на корупцијата и криминалот во Македонија, одговори дека зависи кои анкети се гледаат.
„Различни анкети различни резултати. Секоја анкета, без разлика дали е пишувана во некој партиски штаб како што е таа што ја цитирате или се работи за друга анкета, даваат податоци за анализирање…“.
Инаку, последната анкета на МКД.мк и Маркет вижн покажува драстичен пад на рејтинзите и на СДСМ и на Димитар Ковачевски како премиер.
Изјавата на Ковачевски е по 33-та минута од видеото:






