Аргентина во петокот официјално објави дека нема да се приклучи на блокот на економии во развој БРИКС, пренесува АП.



Тоа е најновата драматична промена во надворешната и економската политика на новиот аргентински екстремно десничарски популистички претседател Хавиер Милеј.

Во писмото упатено до лидерите на членките на алијансата Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, Милај рече дека не е вистинското време Аргентина да се приклучи како полноправна членка. Писмото е датирано пред 22 декември, но аргентинската влада го објави во петокот, последниот работен ден од 2023 година.

Аргентина беше меѓу шесте земји поканети во август да се приклучат на блокот составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка за да направат блок од 11 земји.

Аргентина требаше да се приклучи на 1 јануари 2024 година.