МПЦ-ОА поднесе жалба на решението за уривање на крстот на Попва Шапка

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА поднесе жалба до второстепен орган на решението на општинскиот градежен инспектор за уривање на крстот поставен во дворот на манастирот Свети Наум Охридски на Попова Шапка – пренесе МКД.мк.



Секретарот на Општина Тетово Дарко Коцевски во изјава за медиумите вели дека тој не потпишал, ниту пак има ингеренции да потпишува такво нешто.

„Таква ингеренција нема ниту градоначалникот Касами, а камоли јас. Нека го отворат Законот за инспекциски надзор“, изјави Коцевски реагирајќи на некои информации дека крстот ќе се урива со негов потпис.

Општина Тетово досега има издадено околу 5.000 решенија за уривање кои чекаат да бидат спроведени.