На 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Македонија.
Тие беа избрани од вкупно 1.144 пријавени кандидати.
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на свеченото обраќање нагласи дека со денешниот настан за прием на новите 150 професионални војници се одбележува и успешно завршената 2023 година на македонската Армија, исполнета со многу успеси на армиските припадници, од учество во вежби, освојување медали, учество во мировни како и во спасувачки мисии…






