Управниот суд во состав на судијките Ељмедине Асани, Виолета Богојеска и Имсале Хасани, ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска, дознава СакамДаКажам.
На оваа пресуда, пникој нема право на жалба.
Претседателскиот мандат на Дамева е до 2025 година.
Тогашниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми на седница на 26 април поднесе барање за разрешување на претседателката Дамева, поради нарушени човечки односи во Судскиот совет, со што со седум гласа „за“ беа узурпирани нејзиното место и функција.
СДК потсетува дека сите домашни и меѓународни фактори кои ја следат работата на Судскиот совет алармираа дека Адеми ја разреши Дамева вон законот, со пуч и без процедура, по што таа поднесе тужба до Управниот суд и кривична пријава до Скопското обвинителство.






