Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на најголемата скопска општина е зголемено откако двајца советници кои ја напуштиле советничката група на СДСМ, дознава Курир.
Две години по локалните избори, со заминувањето на локалните функционери на СДСМ се случува значителна промена на односот на силите во Советот на најголемата скопска општина Аеродром.
По завршувањето на изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 14 советници, СДСМ 8, а Левица 5.
Две години подоцна, двајца советници ја напуштија советничката група на СДСМ и сега гласаат со поддршка за клучните проекти кои ги предлага и спроведува градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Со заминивањето на двајцата советници СДСМ во овој момент во Аеродром има само еден советник повеќе од Левица.





