Глупост, навреда и потценување: Популарниот пејач за тие што се сликаат со сиромашни луѓе на кои им дале помош

За популарниот пејач Спасен Силјановски тие што се сликаат со сиромашни луѓе на кои им дале помош прават грев затоа што тоа го прават за себепромоција а не за да помогнат искрено и човечки.



,,Нема поглупаво од тоа да дадеш празнична помош на загрозени семејства, во вид на пакетчиња храна или облека, и притоа да се сликаш со примачите на помошта. Знаете ли каков грев е тоа, какво потценување и навреда правите на тие сироти луѓе???…. Вие донирате за да ве видат другите и некој лајк плус или чувствувате морална потреба за донација поради хумани причини?….Не фалисе со дарежливоста, твојата големина треба да биде во твојата понизност.
“”А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостина во тајност; и тогаш, твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно”, пишува Силјановски гледајќи како дел од политичарите постојано се сликаат со луѓето на кои им дале помош со цел да добијат лајкови на социјалните мрежи.