Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во областа Дагдиби во Турција на делот од автопатот кој води кон Истанбул.



Во несреќата учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и еден камион.

Причина за несреќата била густата магла, пренесоа медиуми.

Пријавено е дека во несреќата животот го загубиле најмалку 11 лица, а 59 лица се здобиле со повреди. Гувернерот на Сакарија Јашар Карадениз напомена дека повредените биле на лекување во 10 различни болници.

Министерот за правда Јилмаз Тунч објави дека тројца јавни обвинители се назначени да ја истражат несреќата.

Министерот за здравство Фахретин Коча информираше дека во верижната несреќа повредени се 59 лица, од кои 8 се во тешка состојба.

Повредените со помош на 30 амбулантни возила брзо се пренесени во болниците.