Српски неделник ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот, која претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска.
Според „Недељник“, најбогати луѓе во регионот се сопствениците на хрватскиот Инфобип, Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ, чија компанија вреди 3 милијарди и 307 милиони евра. По нив следуваат Дубравко Гргиќ (3.124.000.000) од Аграм Груп и Мате Римац (3.047.000.000).
На 4 и петто место се српските бизнисмени, Мирослав Мишковиќ од Делта Холдинг (3.036.779.758) и Миодраг Костиќ од МК Груп (2.723.012.075).
Оваа година, пишува Недељник, Мишковиќ стана првиот Србин чии компании, само на територијата на Србија, вредат повеќе од три милијарди евра.






