Денеска сончево со температури до +18°C

Релативно топлото време продолжува и денеска.



Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -4 до 4 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -2 до максимални 9 степени.

Сончево и умерено облачно време, со појава на магла по котлините, УХМР прогнозира и за утре.