Развоен или предизборен? Собранието го усвои Буџетот

Со 63 гласа „за“, ниту еден „против“ и 25 „воздржани“ Собранието доцна попладнево го донесе Буџетот на државата за 2024 година, кој изнесува рекордни досега 5,5 милијарди евра. Со 87 гласа „за“ пратениците го донесоа и Законот за извршување на Буџетот.



Според опозицијата станува збор за најголемиот и најмегаломански буџет досега, кој е нереален и скроен за пред избори, бидејќи една третина од средствата во него се предвидени за Министерството за труд и социјална политика за купување на социјален мир. Власта смета дека скроиле развоен буџет.

Рекордно ќе биде и задолжувањето Дефицитот за 2024 година е во износ од 33,5 милијарди денари,а долговите во износ од 45 милијарди денари, од кои надворешниот изнесува 26,4 милијарди денари, а домашниот е 18,6 милијарди денари, ќе се финансисраат преку домашно и странско задолжување.