Германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг на својата официјална вебстраница го потврди ангажманот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и потпишаниот договор до 30 јуни 2028 година, пренесувајќи го и задоволството на 24-годишниот досегашен играч за врска на Наполи.



„Преселбата во Бундеслигата и приклучувањето на РБ Лајпциг е работа од соништата за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал што го игра. Тие сакаат ‘гегенпресинг’, играат со темпо и имаат силен напад. Сето тоа целосно ми одговара. Тимот е кул мешавина од млади таленти, кои можат многу да се подобрат овде, и играчи кои искусиле и постигнале многу во нивните долги периоди во клубот. Сакам да помогнам да останеме во мешавината на работите во врвот на Бундеслигата и евентуално да направиме изненадување против Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, вели македонскиот „дијамант“ за вебсајтот на третопласираниот тим во Бундеслигата минатата сезона.

„Со обезбедувањето на потписот на Елиф Елмас, успеавме да пополниме важна позиција во нашиот напад по заминувањето на Емил Форсберг. Го следевме Елиф некое време бидејќи тој е возбудлив играч. Тој изгледа како целосен пакет, совршено му одговара на тимот како личност и ќе може да му помогне веднаш со својот квалитет“, вели спортскиот диртектор на Лајпциг, Рувен Шредер.

Елмас настапи на 36 од 38. натпревари на Наполи во Серија А минатата сезона, во која тимот од Неапол го заврши своето 33-годишно чекање на титулата, постигнувајќи шест гола и запишувајќи три асистенции. Сезонава досега забележа 16 настапи во сите натпреварувања, но само во четири меча беше во почетниот состав.

Елмас претходно играше во Турција за Фенербахче меѓу 2017 и 2019 година, откако прво се проби на сениорската клупска сцена со Работнички. Има одиграно 56 натпревари за Македонија, постигнувајќи 12 гола и 11 асистенции.

Македонскиот фудбалер со најголем трансфер во историјата ќе му се придружи на Лајпциг на подготовките во Ла Магна на 2 јануари, а првата можност за официјално деби за новиот клуб е првернствениуот дуел со Ајнтрахт од Франкфурт на 13 јануари.