Нерасчистени семејни имотни односи, според првичните сознанија на полицијата, се причините за двојното убиство што денеска се случи во тетовското село Челопек, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој, одговарајќи на новинарско прашања за време на работната посета на ЕВР Гази Баба, попладнево изјави дека полицијата работи на целосно рачистување на настанот и најави оти очекува наскоро да имаат подетални информации.
Денеска околу 14 часот во тетовското село Челопек две лица се убиени, а едно е повредено.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово за „360 степени“ рекоа дека полициски службеници го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од 60 години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје усмртил двајца соселани и роднини и ранил едно лице.
Според првичните информации, повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје.





