Фетаи : Да се преиспита одлуката на Советот на јавните обвинители уште еднаш

Обвинителката Фатиме Фетаи смета дека треба да се преиспита одлуката на Советот за републички јавен обвинител кој одлучи дека немала комплетна документација, пренесува „ Фокус “. Според членовите на советот Фетаи не доставила уверение за познавање на македонскиот јазик и уверение за деловна способност.



-Убаво би било Советот на јавните обвинители уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука. Познавањето на македонскиот јазик и уверение за деловна способност се општи услови, кои се подразбира дека ги исполнуваме уште кога сме избрани за обвинители. Доколку не ги исполнуваме овие два услови воопшто не би можеле да работиме како обвинители, изјави Фетаи.

Според неа, ако и за двете работи Советот смета дека мора да се докажуваат со посебен документ, тогаш ниту една од досега поднесените документации не е комплетна, бидејќи никој не доставил уверение за познавање на македонскиот јазик.

Извор : https://fokus.mk/fetai-za-fokus-ubavo-bi-bilo-sovetot-na-javnite-obviniteli-ushte-ednash-da-ja-preispita-odlukata/