Ако им се верува на грчкиот весник „Ефимерида“ и на неговите „валидни извори“, решението за речиси тридеценискиот проблем на Грција со името на македонската држава ќе биде „Република ГорнаМакедонија“ (не е печатна грешка!), без англиска транскрипција?!
Според изворите на кои се повикува весникот, од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц изборот на двете страни паднал на опцијата со која зборот Македонија не стои сам во името, туку како дел од кованица.
Истите извори велат дека македонската страна првично го побарала името Република Нова Македонија, а грчката предложила соседот да се вика Република Вардарска Македонија. Но, за време на анализата на предлозите на Нимиц е избрана трета опција – Република ГорнаМакедонија), за која се согласиле двете земји.
Според информациите на „Ефимерида“, грчко-македонскиот договор веќе е постигнат и двете земји се согласиле за сè, останува уште да го потпишат договорот за имотот, кој експлицитно наведува дека Македонија ќе ги промени Уставот и иредентистичките членови во одреден временски период.
Договорот, исто така, ќе ги опише детално економските и развојните односи на двете земји. Извори кои имаат познавање на случајот објаснуваат дека „ПЈРМ ќе стане еден вид кантон на Грција, со специфични развојни услови, економски и трговски“.
До 20 март договорот ќе биде депониран во ООН, тврдат изворите на весникот.





