По одлука на Советот на јавните обвинители, кој одлучи дека немала комплетна документација и поради отпаднала од трка за републички јавен обвинител, Фатиме Фетаи за ,,Фокус” вели дека Советот треба да ја преиспита ваквата одлука.
Фетаи, дознава Фокус“ не доставила уверение за познавање на македонскиот јазик и уверение за деловна способност.
„Убаво би било Советот на јавните обвинители уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука. Познавањето на македонскиот јазик и уверение за деловна способност се општи услови, кои се подразбира дека ги исполнуваме уште кога сме избрани за обвинители.
Доколку не ги исполнуваме овие два услови воопшто не би можеле да работиме како обвинители, изјави Фетаи за Фокус.





