Македонија повторно се задолжи – овој пат за 42 милиони евра

Ново задолжување на домашниот пазар. Државата издала две државни обврзници, на вкупна сума од 42 милиони евра.



Од денеска тие ќе почнат да котираат и на Македонската берза, за што оттаму ја известија инвеститорската јавност.

Првата обврзница е на поголема сума, нешто малку повеќе од 27 милиони евра, и ќе се враќа во период од следните 15 години, додека, пак, втората е на помала сума од 14,7 милиони евра, но е пократкорочна и има рок на доспецвање од три години.

Во првиот случај, со обврзницата која тежи 27,04 милиони евра, треба да се наведе дека станува збор за државни обврзници без девизна клаузула. Нивната камата е висока, 6,15 проценти, а ќе се врати дефинитивно на средината на декември во 2038 година.

Втората обврзница чини 14,7 милиони евра, таа е без девизна клаузула, и има датум на достасување на средината на декември 2026 година. Нејзината кјаматна стапка е 4,45 отсто.