Нервозниот премиер Димитар Ковачевски незадоволен од расположението на народот им објави војна на медиум и агенција за анкети.
На прес конференцијата на владата вчера Ковачевски ги обвини агенцијата Маркет Вижн и порталот МКД.мк дека објавиле анкета која е правена во партиски штаб алудирајќи дека резултатите од анкетата објавена пред три дена се фингирани во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Без да даде било каков доказ Ковачевски грубо ги нападна релевантните агенција и медиум нанесувајќи им клевета и навреда и вршејќи сериозен притисок кој може да има безбедносни и бизнис реперкусии врз агенцијата Маркет Вижн и порталот МКД.мк.
Веќе неколку години порталот МКД мк нарачува а Маркет Вижн спроведува истражувања на јавното мислење кои во огромен дел точно ги утврдуваат ставовите на граѓаните за популарноста на политичките партии и лидери.
Според последната анкета на Маркет Вижн нарачана од МКД.мк СДСМ нема ни теоретска шанса да формира влада а Ковачевски има три пати помал личен рејтинг од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ надмина 26 проценти доверба, црно му се пишува на СДСМ (АНКЕТА)
Во истата изјава на прес конференцијата премиерот Ковачевски ,,трокираше” односно почна да зборува нелогично со цел да не даде конкретен одговор откако новинарката на Алфа ТВ Мери Симоновска на прес конференција во владата му постави обично прашање за корупција.
Премиерот ,,трокираше” и нападна новинарка откако Мери постави обично прашање за корупција (ВИДЕО)
Наместо да одговори конкретно за тоа што беше прашан премиерот почнува да реди низа други теми и прашања кои не беа опфатени во прашањето и на крајот повторно не го кажа тоа што се бараше од него.
И во второто потпрашање кој е виновен за лошата ситуација по 7 години владеење на СДСМ Ковачевски не одговори конкретно но вербално ја нападна новинарката дека не можела да каже само еден виновник.
Ковачевски дури три пати при одговорот на Симоновска и вели дека таа не можела да каже кој е виновникот иако новинарката само постави прашање а самиот не кажа кој ја носи вината за ситуацијата.
Нападот на Ковачевски кон Маркет Вижн и МКД.мк, прашањата на Симоновска и нелогичните и конфузни одговори од Ковачевски се од 33 минута и 30 секунди во видеото





