Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, во изјава за Република, вели дека не постои можност партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти да учествува на изборите во Македонија.
Даштевски ја објасни процедурата како може да се учествува на парламентарните избори истакнувајќи дека странска партија нема шанси да биде на листите.
Услов за учество на изборите е да се македонски државјани и да ги исполнуваат законските услови како што се државјанство и жителство. Без тоа не може да бидат запишани во Избирачкиот список. Не може странец да учествува на изборите ниту пак странски партии – објаснува Даштевски.






