„Албанците ја поздравуваат поддршката на Движењето Ветвендосје (Самоопределување) за Европскиот сојуз за промени. Тие се надеваат дека Европскиот сојуз за промени во соработка со успешна партија, како онаа во соседната земја, може да донесе големи промени!“ – се истакнува во статијата на ТВ Алсат со наслов „Поддршката на Ветевендосје за албанската опозиција наидува на поздравување од граѓаните“.
Во статијата натаму се наведува: „Граѓаните велат: „Многу е добро, Албин Курти работи многу за албанскиот народ… нема подобар човек од него.“; – „Добро е, народот го сака.“; – „За Албанците Ветвендосје (Самоопределување) е навистина добра партија.“ ; – „Може да биде позитивно… Нормално, партиите соработуваат меѓу себе. Ќе видиме колку ќе биде успешно.”; – „Ако е во согласност со законот, тогаш е во ред.“; – „Сè уште не е јасно како ќе се спроведе, дали ќе се формира политичка партија, или чиј претставник ќе биде.“ ; – „Тоа е политика… Настојуваат да има некаква реформа, движење на подобро за граѓаните.“
„Пред неколку дена, при отворањето на изборниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, лидерите на албанските опозициски партии ја открија политичко-декларативната поддршка, што Движењето Ветевендосје ќе им ја даде на изборите следната година. Тие изјавија дека не е исклучено активистите на Ветевендосје од * Македонија да се најдат на листите за пратеници на Европскиот сојуз за промени.“
Инаку, во оваа статија не се загатнува прашањето колку е воопшто дозволиво дејствување странска партија во Македонија, односно косовската владејачка партија Ветвендосје (Самоопределување) на Албин Курти да се вмешува во трката за освојување на власта во Македонија преку настап на парламентарните избори заеднички со домашните албански опозициски партии.





