Потрошувачите на струја од трет блок ќе плаќаат повисока цена за струја за 2,88%, а оние од четврт блок за 1,86 отсто.
Од 1 јануари цената на струјата за домаќинствата се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, ссоопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски.
Сопоред него, тоа го овозможи воведувањето на Надоместот за пристап до мрежа од 200 денари месечно.
Во спротивно ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто.
Дополнително, како што рече, овозможиле намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.
„Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите“, рече Бислимоски, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.





