Вака гласат СМС пораките кои повторно се појавија, а кои наводно пристигнуваат од Македонска пошта.



При ваков случај препораката е да не го отворате линкот, веднаш блокирајте ја пораката и известете го вашиот телеком оператор.

И пред неколку месеци имаше една ваква слична појава каде најпрво беше реагирано на социјалните мрежи за подоцна телефонските оператори да ги блокираат овие броеви, потсетува Плусинфо.

Поракаат со линк од наводниот сајт на Македонска пошта која е речиси идентичен со оригиналниот, ве води до место каде што ви ги бараат да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка каде за момент измамниците ќе ви одземат илјадници денари од вашата сметка.