Скриен зад соопштение замина марионетата на СДСМ и ДУИ кој на цедило остави стотици оштетени, изгорени и украдени граѓани

Скриен зад соопштение замина човекот кој штитејќи ги шефовите во власта остави на цедило стотици оштетени, изгорени и украдени граѓани.



Ова е коментарот-обвинување на шефот на Комисијата за надворешна политика на Собранието Антонијо Милошоски за екс Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

,,6 години беше државен обвинител и наместо со отворена прес конференција, отчет и прашања, мандатот го заврши скриен зад едно соопштение – Љубомир Јовески, извршителот на власта, кој довербата во обвинителството ја сведе на статистичка грешка од 3%.

Штитејќи 6-7 луѓе од власта Јовески ги остави на цедило стотиците оштетени пациенти Онкологија, и правеше театар-истраги од запалените пациенти во Тетово, изгорените во Бугарија во автобус без лиценца, кражбата на милиони од Еуростандард банка, корупциите во РЕК Битола”, пишува Милошоски според кого од викањето #НемаПравдаНемаМир , правосудниот систем спадна на најниски гранки каде наместо обвинител, имаше марионета на ДУИ&СДСМ.