Home Економија Уште еден месец гарантирана цена“ на некои основни продукти

Уште еден месец гарантирана цена“ на некои основни продукти

Мерката „гарантирана цена“ ќе важи до крајот на следниот месец, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во телевизиско интервју.



Одлуката на владата требаше до крајот на оваа година

Министерот рече дека мерката ќе продолжи за најмалку еден месец бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година.

„Тоа значи дека во јануари ќе важат мерките за ‘гарантирана цена’ и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари“, рече Бектеши.

Претходно во текот на месец октомври министерот појасни дека податоците на терен покажуваат дека мерката за намалување на цените на основните прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ има простор да важи до крајот на годината.