Малевски: Спас за Македонија е членството во ЕУ, под чиј диктат ќе создадеме поинакво однесување на политичарите – но возот за ЕУ замина!

„На наредните избори нема да имаме некаков чист или идеален избор, зашто нашето минато покажува дека сите партии профитирале од одсуството на демократски систем на отчетни институции и поединци. Ни треба сериозна помош од надвор, токму како на Италија во шеесеттите години од минатиот век, кога беше длабоко корумпирана држава, која го најде својот спас во европските правила.“ – вели Денко Малевски, поранешниот македонски министер за надворешни работи и универзитетски професор, во својата колумна со наслов „Бандероли“, која ја објави информативниот портал „Либертас“.



Покрај другото, натаму Малески пишува: Спас е и за Македонија членството во ЕУ со чија помош, или под чиј диктат ќе создадеме поинакво однесување на политичарите со европска бандерола, залепена на нивното чело на која пишува: „Внимавај, можен крадец!“.

Но, возот за ЕУ замина пред некој ден.

Можеме самите, велат во глас политичари, интелектуалци и новинари. Можеби можеме. Ама процесот нема да биде преку реформи, туку преку „државни удари“. Секоја наредна власт ќе настојува да ја пикне во затвор претходната, за да ги заземе нивните места во системот.