Висар Рамадани, син на аналитичарот Исмет Рамадани кој е советник за евроатлански прашања на премиерот Ковачевски, е висок функционер на Фондот демантира дека добива голема финансиска поддршка за својата приватна фирма од институцијата каде работи, како што објави профилот Демир кој досега откри низа корупциски скандали на власта. Таткото на Висар, Исмет Рамадани, е еден од најголемите медиумски бранители на владата на СДСМ и ДУИ.
Демантот во целост:
Ве известувам дека Друштвото за консултации, трговија и услуги ТРИДОТС ДОО Скопје е основана на 25.10.2023 година, што може да се потврди од тековна состојба во Централниот регистар на Република С. Македонија.
ТРИДОТС ДОО ниту има аплицирано, ниту има добиено грант од Фондот за иновации и технолошки развој.
Висар Рамадани
Висар Рамадани во демантот не кажува зошто фирмата на неговиот бизнис партнер Фатмир Шаќири со кого формираат друга заедничка фирма пет дена пред да биде доделен грант од 40 илјади евра, е основана само еден ден пред повикот на ФИТР за доделување на грантови.






