,,Куршумот кај и да е ќе те стигне”, закани со смрт до медиумски тајкун близок на СДСМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара МВР веднаш да реагира во врска со заканата со смрт кон основачот на Цивил медиа Џабир Дерала.



Пријавата до МВР е поднесена по закана кон Дерала преку коментар на негова колумна на Фејсбук страница на „Нова ТВ“.

Таму профил со име Александар Антиќ го напишал следниот коментар:

„Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“.

По заканата ЗНМ стапило во комуникација со одделот во МВР задолжен за напади врз новинари, а пријавата е истовремено испратена и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

„Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Оттаму потсетуваат дека за случаи каде што има експлицитни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници, ЗНМ и МВР имаат протокол за соработка каде што се дефинирани практичните чекори како да постапат новинарите кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто во работата.

Џабир Дерала е медиумски тајкун кој е сопственик или главен уредник на неколку медиуми блиски на СДСМ а говорел и на официјални партиски настани на СДСМ.

Пред неколку месеци беше фатен како од број на негов медиум преку профил на Фејсбук се врши политичка пропаганда насочена против ВМРО-ДПМНЕ но тогаш ЗНМ не реагираше зошто од официјален број на медиум на Дерала се врши политичка пресметка.

Преку еден од медиумите на Дерала вчера беше упатена закана за смрт до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека американците би можеле да урнат авион во пресметката со него.

Атанасовски за медиум на Дерала: САД немилосрдно против Мицкоски дури ако треба ќе бараме тела покрај паднат авион

Повеќе детали како Дерала беше фатен дека прави политичка пропаганда

Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)