Уште еден аспект на анкетата на Советот за странски инвеститори

Минатата недела Советот на странски инвеститори ги презентираше резултатите од спроведената анкета Бизнис и инвестициски индикатор 2023, во која учествуваа компании-претставници од сите индустрии, компании кои се присутни на глобалниот, регионалниот и домашниот пазар и имаат големо влијание врз домашната економија.



Компаниите што учествуваа во анкетата на Советот на странски инвеститори имаат над 38.000 вработени. Овие компании оствариле приходи од работењето од над 7,7 милијарди евра и инвестирале над 400 милиони евра во 2022 година. Таа беше спроведена анонимно, и јавно презентирана во просториите на Стопанската Комора на Северна Македонија пред медиумите, компании – инвеститори, претставници на странски амбасади, други билатерални стопански комори како и меѓународни финансиски и невладини организации. 

Во Анкетата беа вклучени и компании од ТИРЗ кои посочиле бројни недостатоци, како што се проблеми со инфраструктурата, непочитување на роковите поврзани со договорните обврски, превисоки оперативни трошоци во зоните, недоволно ниво на аftercare услуги, доцнење на постапки или одговори по барања, случаи на доцнење на исплата на државната помош, итн.

Целиот текст прочитајте го тука.