Андони: Ненормален и агресивен е планот на Курти да се меша во внатрешните работи и трката за власт во Р*М со Ветвендосје како сеалбанска партија!

„Ненормален и агресивен е планот на Албин Курти, премиерот на Косово и лидер на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување – заб.прев.) да ја преобразува како сенационална, сеалбанска партија, која ќе го проширува своето влијание и во околните земји, така што ќе се меша во внатрешните работи и на соседната земја * Македонија, учествувајќи во трката за освојување на власта на парламентарните избори таму заедно со албанската опозиција.“ – со оваа жестока критика кон Албин Курти се огласи Бен Андони, новинар и публицист од Албанија. Неговите критички ставови кон Курти ги објави приштинскиот весник на албански јазик „Газета Експрес“.



Газета Експрес пишува: Егото на Курти преовладува над партијата, вели aлбанскиот новинар и публицист Бен Андони, според кого премиерот на Косово настојува насекаде да го распространи своето влијание. Вклучувањето на Движењето Ветевендосје во трката за парламентарните избори во * Македонија, смета Андони, ризикува да им наштети на изборите и во Косово. ‘Политичката експанзија’ на Ветвендосје, како што ја нарекува, според Андони, покажува дека Албин Курти има јасни долгорочни стремежи „да остане долго и цврсто на власт“.

Косовскиот премиер Албин Курти ќе се натпреварува за власт и во * Македонија. Неговата партија вчера и официјално влезе во коалиција со албанската опозиција во соседната држава. Парламентарните избори таму ќе се одржат на 8 мај 2024 година. Курти рано влезе во трката, застанувајќи до опозициските албански партии Алтернатива, Беса и Демократското движење.

Бен Андони изјави дека Курти „ќе ја преобрази Ветевендосје во сенационална партија, која сака да го прошири своето влијание насекаде“. Андони го нарекува овој план на шефот на Владата на Косово „донекаде агресивен“ и „ненормален“.

„Ова беше најавено од неговата прерана посета на *Македонија. Неговиот толку конкретен план е донекаде агресивен и не е нормален, кога се има предвид поделеноста, која постои во таа земја. Но Ветевендосје сè уште не уточнила која е нејзината стремеж на изборите, освен тоа што застанува до опозицијата. Дали ова го нарушува изборниот закон на земјата, или не ќе одлучи институцијата, која управува со изборите во * Северна Македонија. Тамошниот албански чинител е многу поделен и без Ветвендосје. Овој случај ќе предизвика кај него конфузија, бркотница и тој е далеку од смислата и чувството за една сонародничка идеологија. Албанците од * Македонија имаат потреба за меѓусебно разбирање, пред таму да се воведат надворешни чинители, било да е тоа и косовската партија Ветвендосје, која сега не може да се смета како некоја новост.“ – вели Бен Андони.

Според Андони, отвореното откривање на политичките интереси на Курти надвор од територијата на Косово ќе му го олесни на македонскиот чинител соочувањето со албанскиот чинител во * Македонија.

„Од реакцијата на Димитар Ковачевски произлегува дека има елемент на изненадување и поголема неизвесност во јавноста, бидејќи ова е втор случај по Албанија Ветевендосја отворено да ги открива своите политички интереси надвор од територијата на Косово. Сега ќе му биде полесно на македонскиот чинител да се соочи со албанскиот чинител, бидејќи лесно може да го искористи елементот на мешањето, интервенирањето на Албанците во внатрешните работи на државата.“ – вели тој.

Андони верува дека ваквото истапување на Албин Курти ризикува да ги загрози изборите во Косово, бидејќи прогнозира дека партијата на Курти ќе се обиде да се одржи на власт и „да ја згасне опозицијата на секое поле“. Потсетувајќи на 2021 година кога Курти со својата партија влезе на парламентарните избори во Албанија, публицистот Андони вели дека разбира зошто „веќе не се зборува толку за големите внатрешни проблеми на Косово“, туку колку за „Курти како лидер.“

Егото на Курти преовладува над партијата. Ветевендосје веќе наликува како негово продолжение. Со оваа експанзија на Ветвендосје, заради политичко вмешување, интервенирање во Албанија и * Македонија, станува јасно зошто не се зборува толку за главните внатрешни проблеми на Косово, туку само за Курти како лидер и неговите интереси, кои всушност се пренесуваат преку Ветевендосје и таквите активности.“ – посочува Андони.

Покрај овие што ги наведува како штети, кои што може да произлезат од ваквото движење на партијата на власт во  Косово, Андони смета и дека сценариото „ќе биде исто како во Албанија“ во 2021 година. „Ќе биде исто како во Албанија. Обичните луѓе, во случајов Македонците, сакаат да ги имаат пред себе оние политичари, кои ги познаваат и кои имаат влијание врз политичкиот и општествено-економскиот живот. Ваквата политичка експанзија на Ветевендосје покажува дека тие имаат јасни долгорочни цели да останат долго и цврсто на власт. Оваа логика, која не се насочува многу на внатрешните проблеми, ќе ги загрози малку по малку и изборите во Косово, токму на тоа поле каде што Косово се гордее пред сите во Балканот. Малку по малку овој пат ќе го урне Ветевендосје и ќе го оддалечи од обичниот гласач на Косово, на кој му се важни економските и социјалните проблеми, а не за соништата за натпреварување во * Македонија и Албанија.“ – нагласува Бен Андони.

Од доаѓањето на власт Курт беше заинтригиран на неколку начини да учествува во албанската политичка сцена во околните земји. Во Албанија тој официјално му се спротивстави на премиерот Еди Рама, натпреварувајќи се со неговата партија на парламентарните избори во 2021 година. Во Прешевската долина (на југот на Србија – заб.прев.) Курти интервенираше,  поддржувајќи едно политичко крило. Во август годинава тој ѝ поддаде рака на албанската опозиција во * Македонија за време на една посета таму, што предизвика многу контроверзи.