Поминување на црвено, движење со поголема брзина од дозволената, погрешно паркирање и слични прекршоци ќе бидат регистрирани од новите камери кои се дел од системот „Сејф сити“, а казните за сообраќајните прекршоци ќе пристигнуваат на домашните адреси на сопствениците на автомобили – пишува Плусинфо.
Плусинфо од свои извори дознава за што точно ќе служат новите поставени камери и кои прекршоци ќе бидат вклучени, а исто така и како ќе функционира целиот систем пред да биде пуштен во употреба, за што ќе се донесе и посебен закон, најверојатно во следните два месеца.
По стартувањето на новиот систем со новите камери, возачите ќе треба да бидат многу повнимателни при возењето, бидејќи ќе бидат санкционирани за секое зголемување на брзината над дозволеното. Исто така, системот ќе ги регистрира и оние возила кои на раскрсница ќе минат кога на семафорот ќе биде вклучено црвено светло.
Покрај овие казни, ќе бидат санкционирани непрописно паркираните возила, а притоа го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во градските средини.
Нема да куртулат ниту возачите кои не го носат безбедносниот појас додека се возат во возилото, но исто така казна ќе добијат и оние кои користат мобилен телефон додека управуваат со автомобилот.
Секој сторител на сообраќаен прекршок што ќе биде „фатен“ од камерите, на домашна адреса ќе добие фотографија од возилото со регистарската табличка, местото, времето и кој прекршок е направен.
Повеќе на темата на следниот линк:





