Вучиќ до опозицијата: Нема да ви дозволам да ја уништите Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека му се чини дека не само неговите политички противници, туку и нивните странски ментори мислат дека „сите во Србија се идиоти и дека никој нема очи и уши, дека никој не разбира што се случило синоќа“, пренесува Н1.



Јас сум тој што бев на тераса, кој бев во Претседателството, на моето работно место и воопшто не се плашев од тебе и нема да дозволам да ја уништиш Србија! – напиша претседателот Вучиќ.