Мицкоски: Задоволен сум од градоначалниците кои и покрај сите блокади работеа посветено

“Вообичаено зборуваме за болни теми бидејќи во Македонија никогаш не се живеело полошо. Но денес ќе посочам дека сум задоволен од сработеното на градоначалниците” – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција која се одржа по состанокот со градоначалниците.



Тој рече дека овие две години, се години на решавања на многу проблеми и покрај жестоките блокади од страна на централната власт и лошата економска состојба.

“Но ова, исто така се две години што ги одбележаа успеси. Изградби на капитални проекти кои го олеснуваат животот на граѓаните. Ќе се градат и доградуваат нови градинки, училишта, ќе се реконструираат улици, и уште многу капитални проекти” – рече Мицкоски.