Група студенти и млади кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград.



Во 11 часот се пред Министерството за државна управа и локална самоуправа од кое бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, јавува Нова.рс.

Тој протест траеше еден час,колку што му дадоа време на Министерството да одговори на нивните барања, по што најавија блокада на два патни правци.

Блокадата на улиците, како што најавија, започна во 12 и ќе трае до 18 часот, а секоја наредна може да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања.

За денеска во 18 часот, коалицијата „Србија против насилство“ најави нов протест.