ВМРО-ДПМНЕ: Власта сама потврди дека мести огласи во Фонд за иновации

“Власта на СДС и ДУИ самата си потврди дека повторно мести оглас на Фондот за иновации и технолошки развој за своите блиски компании и лица” – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Според нив бесрамно е наместо да го повлечат огласот, да го изменат и сега парите ќе се делат не на фирмите кои се во добри односи со власта, туку на фирмите за кои немаат забелешки.

“Тоа значи само едно, смеат да аплицираат само нивни фирми и однапред им кажуваат на останатите да не аплицираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со години сме сведоци како парите од ФИТР одат на лица и фирми кои од блиски на функционерите од ДУИ и СДС или пак се нивни одработувачи, а сега само јавно кажуваат дека само таквите смеат да аплицираат. Имено, иако во нормална држава ваков срамен оглас ќе беше повлечен ФИТР само ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја заменија со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија“. Што значи дека првичниот критериум не бил погрешно протолкуван, туку навистина бил за нивните блиски што се потврди со самата измена на огласот”, се наведува во соопштението.