Во интервјуто за ЕРТ доцна синоќа, министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, изјави дека грчката страна ќе го претстави нацрт-договорот за Скопје кој ќе се однесува на сите отворени прашања во врска со името и иредентизмот на БЈРМ во февруари.
Одговарајќи на прашањата на тројца новинари, Коциас, објаснил дека нацрт-планот ќе содржи посебно поглавје за справување со иредентизмот, со упатување на меѓународната и регионалната позиција на земјата и со позитивна агенда за развој на билатералните односи, пренесуваат грчки медиуми.
Министерот рекол дека владата има за цел решавање на сите прашања во еден сеопфатен договор, а ја отфрлил како нереална можноста за „сецкање“ –т.е. поединечен пристап кон сите прашања.
Да потсетиме, уште лани во септември, шефот на грчката дипломатија изјави дека „никогаш и не се работеше само за името кое Грција го оспорува речиси од првиот ден на осамосојувањето на Република Македонија, туку за цела низа последици кои ќе следуваат по вметнувањето на некоја географска или временска додавка, пред или по името на земјата“.





