114 луѓе евакуирани од сплавот што тонеше

114 луѓе се евакуирани од сплавот во Србија кој синоќа почна да тоне. За среќа нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.



Тој не можел да го каже точниот број на луѓе кои биле на сплавот во моментот на несреќата, наведувајќи дека точните проценки ќе се знаат во наредниот период.Тој додаде дека синоќа околу 1 и пол било пријавено дека сплавот „Картел“ почнал да тоне на реката Сава и дека има неколку стотици луѓе во водата.Со молскавична акција на сите, како што нагласи, почнала евакуацијата.„Од страна на нашите припадници се евакуирани 114 лица. Најважно е што на овој настан нема повредени или загинати лица“, рече Чаушиќ