ЈП “Улици и патишта” известува дека денеска (недела) во периодот од 8 часот до 12 часот, ќе се изведуваат градежни активности на мостот „Беласица“.
Поради тоазмостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.
ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на возилата и трпение на граѓаните до завршување на градежните работи.






