Професионалци или пак партиски војници – Што ќе вдоми администрацијата?!

Дали со новиот начин на вработување во јавниот сектор, администрацијата ќе добие професионалци или повторно партиски кадри?! Дел од експертите се сомневаат дека со новината финансии повеќе да не става потпис за секое вработување во јавен сектор, ќе се искоренат партиските вработувања, објави Телма. Може би со измената министрите ќе станат подобри менаџери и подобро ќе планираат, но со тоа што ова се случува токму пред избори се отвара сомнеж дека може би има некоја заднина.



Смета дека колку и да се сака со ваквата измена да се направи добро, сепак таа е конфузна, нејасна и со неа се брза. Скептицизмот ќе остане присутен и повторно нема да има доверба дека администрацијата ќе го добие потребниот стручен кадар, затоа што најголем дел до тие луѓе се веќе заминати надвор и тоа не може да се поправи за еден ден.

Министерот Бесими вчера соопшти дека од први јануари наместо финансии, секој министер и одговорно лице на институцијата сами ќе одлучуваат за вработувањата на потребите лица. Министерствата, јавните претпријатија, агенциите, општините  ќе го прават и годишниот план за вработување кој потоа треба да биде одобрен од оној под чија капа влегуваат. Ако некој од нив вработи  повеќе отколку што е предвидено ќе одговараат кривично. Бесими е убеден дека  со ова наместо хаос, ќе се стави ред во јавниот сектор.