Волонтери од предизборниот штаб на рускиот претседател Владимир Путин во сабота треба да собираат потписи за поддршка на кандидатурата на рускиот лидер за претстојните претседателски избори, пренесува ТАСС.
Собирањето потписи ќе продолжи до крајот на јануари.
Путин се кандидира како независен кандидат.
На 8 декември тој објави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2024 година
Според законот, независните кандидати мора да соберат 300.000 потписи.






