Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, од партиската трибина „Повеќе за сите“ во Кавадарци им укажа на македонските граѓани дека само во последните три години се побогати за 2,6 милијарди евра под власт на неговата партија!



„Бројките во секој сектор, во секој сегмент, се јасни, СДСМ има неколку пати подобри економски резултати споредено со ДПМНЕ. Драстично подобар. И тоа не се само платите, пензиите, инвестициите, вработеноста, енергетиката, секаде, во секој можен сегмент, економски, социјален, политички, демократски. СДСМ врати 2,6 милијарди евра кај граѓаните. Само со една мерка, “Мој ДДВ’, СДСМ врати над 110 милиони евра назад кај граѓаните.
Паметите ли макар една мерка од ДПМНЕ за враќање пари? Не паметите, не затоа што немате добра меморија, затоа што нема. ДПМНЕ не враќаше пари кај народот, тие грабаа само за себе. Тоа е суштинската разлика помеѓу нас СДСМ и ДПМНЕ. Додека ДПМНЕ имаше други приоритети, правеа споменици, лавови, жални врби во Вардар, ние враќаме пари кај граѓаните, над 2,6 милијарди евра за 3 години“, рече Ковачевски на трибината во Кавадарци.