Сообраќајни гужви, чекање по речиси еден час во место, исклучени семафори – ваква е состојбата попладнево во централното градско подрачје на Скопје. Од Аеродром, Расадник и Карпош до центарот на Скопје се патува речиси еден час. Последниот викенд пред Нова година и дождот си го направија своето.

„Во 4.15 влегов во Скопје, во 15 до 6 влегов дома – град со ваков сообраќај треба да се затвори“, вели еден од корисниците на „X” мрежата.
Дел од твитерџиите обвинија дека покрај дождот причина за гужвата во Скопје е и фактот дека во петок попладне се украсува градот на најфрефентните локации.
Според Министерството за внатрешни работи, одговорни за сообраќајниот хаос се градските власти.
„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“, се вели во соопштението од таму.
На оваа тема на социјалните мрежи се огласи и пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој обвини дека Скопје е во хаос поради возилата на функционерите.

Најголемиот дел сметаат дека метежот и сообраќајниот хаос се предизвикани од лошата сообраќајна инфраструктура.
- – Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, соопштија од МВР.




