Рамиз Мерко од „црната листа“ на САД поради корупција учествува во активностите на ДУИ, иако „си ги замрзнал партиските активности“!

„Претседателот на општина Струга Рамиз Мерко денес беше присутен на настанот на Демократската унија за интеграција во Скопје по повод крајот на 2023 година. Но, тој е на црната листа на САД, по што ДУИ и самиот тој имаа соопштено дека ‘ги замрзнал партиските активности’.“ – извести ТВ 21 во својата фотовест со наслов „Рамиз Мерко присутен на партиски настан иако е со ‘замрзната партиска активност“.



Инаку, на 20 јуни годинава „Гласот на Америка“ на македонски јазик го пренесе соопштението на американското Министерство за надворешни работи – Стејт Департментот, во кое беше истакнато дека струшкиот градоначалник Мерко се става на американската „Црна листа“, поради неговата вмешаност во корупција: „Соединетите Држави го ставија на црната листа градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвоил пари и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во * Македонија.“